Српското здружение „Спона" со своја веб-страница. Штампа
Културно-информативниот центар на Србите во Македонија „Спона", отвори веб стрaница www.srbi.org.mk. Преку оваа Интернет-страница припадниците на српската заедница може да се информираат пред сè за културни настани и манифестации што се случуваат во земјава, но и за други настани во државава кои се ажурираaт секојдневно.
Здружението „Спона" е со седиште во Скопје и како невладина асоцијација е формирана за еманципација и афирмација на српското културно наследство, на човечките и граѓански права на македонските срби, со цел да се сочуваат нивните културни, историски и духовни вредности.